Продадена куќата на Јозеф Фрицл
„Куќата на стравот“ во Амштетен, во Австрија, во која Јозеф Фрицл 24 години ја држел својата ќерка затворена, сексуално ја злоупотребувал и и направил седум деца, е продадена на сопругата на сопственик на стриптиз барови.
Херберт Хоуска, сопственик на локалното кафуле „Статбраухоф“ изјави дека таа недвижнина ја купила неговата сопруга, задно со руски партнер. Хоуска е сопственик на го-го клубови и стриптиз барови, така што во куќата на Фрицл ќе бидат сместени стриптизети.
Куќата, како што најави ќе биде санирана и во неа ќе бидат направени станови, во кои ќе биде сместен персонал.
- Време е конечно да се стави крај на ова здание, порача Хоуска.
Злосторството, кое влезе во австриските, но и светските криминалистички анали, е откриено во 2008 година, а Фрицл една година подоцна е осуден на доживотна казна затвор, како и на сместување во установа за психички пореметени криминалци. Подрумот во кој Фрицл ја држел својата ќерка е забетониран во 2013 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот