-->
-->
Приведен криумчар на мигранти
-->
На автопатот Гевгелија - Демир Капија, кај тунелот Демир Капија, вчера во 16.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево.
При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп