Премиерот Груевски на Конгресот на ЕПП во Мадрид
Македонскиот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ присуствува попладнево на Конгресот на Европската народна партија, кој се одржува во Мадрид, Шпанија.
Овој конгрес е мошне значаен за ЕПП на кој освен смерниците за важните прашања со кој се соочува европскиот континент се избира и претседател на партијата, како и потпретседатели и генерален секретар. Конгресот го отвори премиерот на Шпанија Маријано Рахој, а се обрати и актуелниот претседател на ЕПП Жозев Дол.
Во Мадрид се највлијателните политички лидери чии политички опции се десноориентирани и дел од семејството на партии на ЕПП, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Унгарија Виктор Орбан, на Португалија Педро Пасос Коело, на Ирска Енда Кени, премиерката на Летонија Лаимдота Страујума, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и премиерот Маријано Рахој на Шпанија, земја домаќин на конгресот.
Премиерот Груевски учествуваше на работното претседателство на Европската народна партија кое го предводи процесот на избор за нов претседател, и заедно со останатите политички лидери од Европа гласаше за избор на нов претседател.
Очекувањата се дека огромното мнозинство ќе го потврди реизборот на досегашниот претседател на Европската народна партија и единствен кандидат за избор на оваа позиција Жозев Дол.
Предвиден е и дел каде што ќе се обраќаат шефовите на влади кои се членки на ЕПП, при што свое обраќање ќе има и премиерот Груевски.
Европската народна партија е највилијателната политичка сила во Европската унија и победник на последните избори во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка