Македонија
3. February 2025 - 12:24

Подигнување на свеста за органодарителство

Подигнување на свеста за значењето на донирањето органи бараат од здружението за ретки болести Ретко е да си редок.Охриѓанката Гордана Лолеска раскажува за семејната голгота на нејзиниот 23 годишен син кој боледува од Алпорт синдром ретка болест на бубрезите .Моментално како што вели неговиот живот е заробен на машина во дијализа.

Дарувањето органи за пациетите е нов почеток, а за семејствата утеха дека дел од нивните најблиски продолжуваат да живеат.

Лолеска бара  органодарител да може да биде не само член од потесното семејство туку и пријатели доколку можат да спасат нечиј живот. Статистички гледано, во споредба со европските земји, кога станува збор за органодарителството, нашата држава е сѐ уште на ниско ниво.