НКЕУ-МК ќе одржи сесија за интегритетот и независноста на правосудството како предизвик во реформите за владеење на правото
„Патеки до интегритет и независност на правосудството: клучен предизвик во реформите за владеење на правото и борбата против корупцијата“ е тема на 16. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во организација на Европското движење, чи домаќин денеска во Скопје е Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија.
Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, ќе има воведно обраќање во темата, додека покрај националните експерти од областа на правосудството, судии, обвинители, универзитетски професори и претставници на граѓанскиот сектор, релевантни за оваа тема, на сесијата ќе се обратат претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Александар Камбовски, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајковска Стрезовски и Хелена Папа, француска експертка за транспарентност, финансиски криминал и перење пари од француската меѓународна техничка кооперативна агенција Експертиза Франција.
Се очекува да бидат дискутирани прашања за независноста, самостојноста и интегритетот на судиите и јавните обвинители, како клучни столбови на правосудниот систем во демократските општества.
Ќе бидат отворени и прашањата за тестовите за интегритет при селекција на судии и обвинители, обуките во Академијата за судии и јавни обвинители, улогата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и механизмите за зајакнување независност и спречување политички притисоци, се наведува во соопштението на Националната конвенција за ЕУ.
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е реализиран од страна на Европското движење во Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“