Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
Околу 1 милион евра биле запленети во вчерашната акција Вардар. Дел биле вистински, останатите лажни. Приведени се 10 македонски и 6 српски државјани, осомничени за фалсификување пари во специјано опремен стан во Скопје. При вчерашните претреси на 18 локации биле пронајдени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари.
Меѓународната истрага е координирана со помош на ЕУРОПОЛ, а преку Европската централна банка пронајдени се и над 1 милиони фалсификувани евра и во Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово за кои се претпоставува дека биле изработени од оваа криминална група
Истражните активности продолжуваат, а обвинителите не ја исклучија можноста истрагата да биде проширена и со повеќе лица. Акцијата е продолжение на заедничките активности на македонската и косовската полиција кои во август минатата година запленија фалсификувани пари во двете држави.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар