-->
-->
Пратеникот Милошоски на конференција во Хаг
-->
Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски, од денеска до 8 април 2016 година, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика во Хаг, Кралство Холандија.
Како што соопшти денеска Одделението за односи со јавноста на Собранието на Република Македонија, на овој настан учество ќе земат претседатели на Комисии за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини и заменик генералниот секретар на НАТО за глобални и економски прашања, Кристијан Лефлер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот