Поситни одрони на патот Берово - Виница
Дождот кој започна да паѓа попладнево во Пијанечко-Малешевскиот регион ги раздвижи одроните на патните правци Делчево – Кочани и Берово – Виница. Поради оваа причина надлежните апелираат за претпазливо возење на двете делници и почитување на сообраќајната сигнализација.
-Моментално наши екипи се во обиколка на теренот и онаму каде има ситни одрони како на патот Берово – Виница истите се расчистуваат навреме. Оваа делница и магистралата А3 поточно патот Кочани Делчево спаѓаат во категории на патни сообраќајници кои поминуваат низ стрмни места, така што за очекување се вакви поситни интервенции, истакнаа од претпријатието.
Во ваква ситуација како што додаваат најдобро решение е прилагодување на брзината.
-Ние и понатаму ќе ја следиме состојбата и секако, имајки предвид дека имаме силен ветар во комбинација со дожд ќе интервенираме онаму каде има потреба, додадоа од подружницата на Македонија Пат.
Во Пијанечко-малешевскиот регион поради дождот попладне се вози по влажни коловози.
Ново на Сител
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници
-
Преглед на вестите од светот
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија