Македонија
3. July 2024 - 16:27

Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници

Нова учебна година седмоодделенците повторно ќе ја почнат без нови учебници. Ниту еден за нив не е пуштен во печат, иако претходното раководство на МОН преку соопштение си се пофали дека почнало печатењето на сите учебници од прво до седмо одделение. 

„Не само што не се дадени во печат, некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. “

Се поочигледно е дека од септември седмоодделенците ќе учат од старите учебници, кои и досега беа употребувани. Од МОН велат дека течат дискусиите со Бирото за надминување на проблемот, но официјална одлука ќе соопштат за два дена.

Од БРО се децидни дека старите учебниците биле компатибилни со наставните програми, освен за неколку теми за кои може да се направат наставни материјали. Па доколку законското решение не дозволува поинаку, ќе се одложи Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение. 

За жал децата и наставниците во Македонија не се спремни целосно да учат дигитално, без учебници.

Меѓуповеќето проблеми кои со години се наталожуваат во образованието, е и оној на студентите на ФИНКИ. Јаневска вели дека во тек се преговорите со деканот на Факултетот за овозможување на студентите пристојни услови за студирање.