Портпаролите на ЕК годинава дале точни одговори на само 15 отсто прашања
Европската комисија има сервис од 17 портпароли кои имаат дневна комуникација со новинарите и медиумите и секојдневно оддржуваат прес-конференции во Брисел, но се чини бесцелно.
Имено, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Меѓународната прес асоцијација од Брисел (АПИ) издаде брошура насловена „Европските перспективи за 2016 година“, во која е наведено едно нивно истражување кое покажало дека само во 15 отсто од сите настапи на прес-конференции и изјави, портпаролите на Еврокомисијата дале прецизни одговори.
- Просекот на таканаречените „неверодостојни“ одговори изнесува 85 проценти. Обично, портпаролите на ЕК оддаваат впечаток дека нешто недостасува или дека тој или таа нешто кријат или пак дека не се подготвени да ги споделат информациите, па дури и се непријателски настроени и арогантни. Често, портпаролот оддава впечаток дека тој или таа воопшто не сака да биде таму, се наведува во истражувањето на Меѓународната прес асоцијација.
Шеф на сервисот на портпаорли на ЕК е Гркот, Маргаритис Схинас, додека за Македонија е најпозната Словенката Маја Коцијанчич, која го покрива ресорот „преговори за проширување и соседска политика“ на еврокомесарот Јоханес Хан.
Инаку, ова истражување, кое е направено по повод 15 години од постоењето на АПИ, покажало дека на редовните прес-конференции, портпаролите на Европската комисија дале прецизен одговор на само 15 проценти од поставените прашања, при што само 13,5 отсто од нивната содржина била неутрална, а само околу 14 отсто од нивните пораки биле содржајни и соодветни.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот