Македонија
28. December 2021 - 16:26

Поранешните министри за финансии ќе го советуваат Бесими

Поранешните министери за финансии ќе го советуваат актуелниот министер Фатмир Бесими за актуелни теми за кои е потребен општествен консензус.

Тие ќе бидат дел од посебно советодавно тело. 

Оваа идеја произлезе од средбата која Бесими традиционално ја одржува со своите поранешни колеги, а на која присуствуваа, Зоран Ставрески, Трајко Славески, Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски и Кирил Миноски. 

Од Министерството за финансии информираат дека Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ и истиот ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата.

Улогата на Советот е да даде солидна основа на Форумот во градењето кредибилни економски политики преку инклузивен и транспарентен процес. Тоа ќе биде  тело на експертско ниво во кое искуството и знаењето на неговите членови ќе претставуваат додадена вредност во креирањето на политиките.