Полесно повреден возач при излетување на автомобил на автопатот Тетово-Гостивар
Триесет и едногодишник од крушевското село Нерово е полесно повреден при денешната сообраќајна незгода што се случи на автопатот Тетово-Гостивар. Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на автопатот кај клучката за излез кон Камењане.
-Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила. Мерцедес со германски регистерски ознаки што бил управуван од Н.У (55) од село Дебреше, гостиварско и БМВ со крушевски регистрации што го возел Е.А (31) од селото Норово. Во незгодата БМВ-то излетало од коловозот, по што лесни повреди добил возачот кој бил сам во автомобилот. Возачот на мерцедесот кој исто така бил сам во возилото, не е повреден, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, повредениот бил вратен на местото на незгодата. Увид се врши од службеници на СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан