Loading Video...
Свет
21. January 2025 - 16:49

Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон

Од ВИП ложата премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугурацијата на американскиот претседател Трамп. Преку видео на Фејсбук информираше дека церемонијата заедно со министерот Муцунски ја следат во друштво на Мајкл Ватли, претседател на Републиканската партија на САД од неговата приватна ложа, со порака дека следува период на цврсто партнерство и зајакнати политички и економски односи. 

Во низата средби Мицкоски информираше дека разговарал и со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Трамп.

- Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на Претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн., но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн., нашиот глас е се посилен!,  напиша Мицкоски на ФБ.

На средбата Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, Мицкоски со порака дека нивните инвестиции во Македонија се добредојдени, а македонската дијаспора клучен елемент во обнова на државата. Со слична порака премиерот и од средбата со Џеси Спиро, главниот директор на Тетер, најголемата светска компанија која менаџира дигитален капитал, крипто валути. 

На вчерашаната церемонија во Вашингтон присуствуваа и лидерите на коалицијата Вреди, Арбен Таравари, Изет Меџити и Африм Гаши. Од коалицијата со порака дека ова е историски сигнал за единството и проамериканскиот дух на Албанците.