Почнува 15.Недела на италијанскиот јазик во светот
Недела на италијанскиот јазик во светот ќе биде отворена вечер во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Годинава 15. издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот е посветено на италијанскиот поет Данте Алигиери, во чест на 750-годишнината од неговото раѓање. По тој повод, ќе се обрати генералниот секретар на Институтот „Данте Алигиери“ од Рим, Алесандро Мази.
Неделата на италијанскиот јазик во светот ќе ја отвори амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Белели, по што ќе следи изложба подготвена од студентите на Академијата за ликовни уметности во Скопје.
Во рамки на Неделата на италијанскиот јазик во светот, која ќе заврши на 30 октомври, ќе има проекции на филмови, предавања на Катедрата за италијански јазик при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, обука за професори по италијански јазик од страна на двајца професори од познатиот Универзитет „Ca Foscari“ од Венеција итн.
Ново на Сител
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи