Македонија
22. јуни 2024 - 16:37

Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје

Приватните превозници од понеделник нема да возат. Трите фирми се договориле да нема протести и да не го блокираат Скопје. Во понеделник ќе возат од 5 до 10 часот наутро, а потоа ќе се вратат назад во гаражите. Ова за Сител го кажа возач кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека причина за ваквата одлука е тоа што имаат нередовна исплата на пари, а долгот веќе достигнал 140 милиони денари.

Нашите директори станаа како просјаци. Секој ден по неколкупати ѕвонат кај директорот на ЈСП. Исто и во Град Скопје. Бараме пари затоа што ни се неопходни. Невозможно ни е да работиме веќе. Директорот на ЈСП ни вели утре, задутре и утрата не завршуваат. Ќе има пари, ќе има пари – и пак нема. Последно, во четвртокот ни беше ветено дека милион посто ќе има пари. Пуштиле 300 илјади денари. Кога ќе се подели таа сума за 100 служби што ги има една фирма, пример, излегува по 3 илјади денари од смена. Што со тие пари? Тоа е веќе подигрување. Нема смисла веќе“ – возач на приватен автобус

Директорите на приватните автобуси не комуницираат со медиумите, а телефон не крена ниту првиот човек на ЈСП, Крсте Петревски.

Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Приватните превозници штракјуваа половина година, од декември 2022-та, до мај лани поради долг од еден и пол милион евра.