Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
Два случаи на каснување од змија во три дена во Скопје. 50-годишен маж кој престојувал од Идризово во вторникот бил каснат по што побарал помош а итната екипа го однела на Инфективна. Вториот случај е од денеска, а пациентот во моментов е на опсеврација на клиниката.
Кај сите потешки случаи на каснување на змија, докторите даваат противотрови.
Во Македонија не постои надлежна институција која заловува змии. Се е оставено во рацете на доброволците познавачи кои имаат желба да им помогнат на граѓаните. Еден од нив е Сашо Панчев. Тој вели дека на територијата на Скопје, отровни змии нема, а сезонава имал околу 20-тина интервенции.
На крајов на месецот е закажансостанок во ЦУК, на кој се поканети и индивидуаци заловувачи, за да се изнајде решение за големиот број на змии кои шетаат во Македонија и како да се реагира на пријавите од граѓаните.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар