Македонија
21. јуни 2024 - 16:37

Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите

Врел асвалт, пеколни горештини, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Пред телевизија ставивме јајце во тава кое на сончевите зраци се испржи за 15 минути.

Топлотен бран има во цела држава а лекарите од скопската Брза Помош само до пладне интервенирале кај 6 граѓани на отворено кои колабирале. Одделот за неврологија во градската болница 8-ми септември е исполнет и велат дека овој период регистрирале зголемен број на мозочни удари.

-Дехидратацијата е еден од ризик факторите за настанување на мозочен удар и тоа е најчесто кај младата популација кои немаат коморбидитети, од друга страна најмалку водат сметка за своето здравје. Ќе кажам за една многу честа состојба а тоа е состојба на сончаница, која дава слика класична за мозочен удар а сепак за среча се работи за транзиторно пореметување кое ако е соодветно и навремено третирано поминува без трајни последици, вели д-р Ана Донева, раководител на оддел за неврологија во ГОБ 8-ми септември

Овој период да биде без пиење аклогол, мрсна храна и пиење на енергетски пијалоци, но и при потењето и хидрирањето на телото, граѓаните да не пијат само обична вода.

-Доколку изгубиме 1 посто од водата во нашето тело способноста за понатамошно функционирање ни се намалува за 10 проценти. Снабдувањето не треба да биде само со обична вода, туку да се користат раствори кои содржат електролити, тоа се раствори кои се најблиску до концентрацијата на крвна плазма. Или да биде појасно за гледачите, тоа би биле раствори кои се домашно подготвени сокови со мала количина на сол и шеќер и традиционалните домашни супи кои содржат доволно количина на електролити, вели д-р Донева.

Светла и лесна облека, да не се излегува во периодот од 11 до 17 часот и хронично болните редовно да ја пијат пропишаната терапија. Во одделите за неврологија да не се носат пациенти кои се за други установи се со цел да има места за итни. Ова се основните препораки кои треба да ги почитуваат сите.