Почнаа подготовките за есенската сеидба во Пелагонија
Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија ги почнаа подготовките за есенската сеидба.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека се создадени одлични временски услови за подготовка на земјоделските површини, квалитетот на почвата е на високо ниво и есенската сеидба непречено може да почне.
- Оваа есен сеидбата ќе се реализира на површина од 24.000 хектари и притоа најголем дел ќе биде засеан со пченица и јачмен, но и со индустриски растенија од кои ќе доминира грашокот. Ќе се сее и луцерка на површина од 1.000 хектари, како и маслена репа која ќе биде засеана на површина од 2.000 хектари, потврди Илија Србиновски, раководител на П.Е. на МЗШВ со седиште во Битола.
Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија во овој период интензивно ја собираат фуражната пченка за силажа која беше засеана на површини од 4.000 хектари.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата