Бизнис
13. January 2025 - 13:13

Зголемен бројот на странски туристи

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66 701, од кои 31.6 % биле домашни, а 68.4 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138 226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од
странските.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
13.8 %.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 5.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %