-->
-->
Почина Јана Новотна
-->
Јана Новотна една од најдобрите чешки тенисерки на сите времиња и поранешната шампионка на Вимблдон од 1998 година, почина на 49-годишна возраст. Чешката тенисерка долго се бореше со рак, и на крајот, ја загуби битката.
Новотна беше една од најдобрите светски тенисерки во последната деценија од минатиот век и освои вкупно 24 титули. Највредната е од Вимблдон пред 19 години.
„Јана беше инспирација за цела генерација тенисерки, а нејзиното однесување и на и надвор од теренот беше пример за сите. Нејзината ѕвезда вечно ќе сјае во историјата на тенисот. Сочуствуваме со загубата и нашите мисли се со семејството на Јана", вели извршниот директор на ВТА, Стив Симон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам