Македонија
21. March 2022 - 14:14

Пензионерите месецов добиваат бесплатен автобуски превоз

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почне бесплатниот автобуски превоз за пензионерите, рече дека на штета на граѓаните никогаш нема да се настапува.

– Верувам дека директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кој во девастирана состојба го најде претпријатието, а понатаму и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и што го кажал, а тоа што е поминато на седница на Советот ќе го реализира токму онака како што го кажал, во втората половина на март отпочнува оваа мерка на бесплатен јавен превоз за оваа категорија на граѓани за коишто Советот на Град Скопје ги има изгласано на својата претходна седница, изјави Арсовска.