Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ќе утврдат по кои учебници ќе учат седмоодделенците во претстојната учебна година бидејќи до 1 септември не ќе може да се отпечатат нови согласно новите наставни од Концепцијата за основно образование.
Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека за ден-два ќе биде соопштено во јавноста како ќе учат основците во седмо одделение, посочувајќи дека иако било соопштено дека учебници на 1 септември ќе има и за седмо одделение, „фактичката состојба е сосема различна“.
-Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Некои не поминале рецензија, изјави Јаневска пред отворањето на конференција за инклузивно образование организирана од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Поради тоа, неколку дена, рече, имаат разговори со Бирото за развој на образованието за да се надмине проблемот, а решението веројатно е учениците од седмо и наредната година да учат од старите учебници, односно тие што беа досега во употреба. Доколку законот, рече, не дозволува, за одреден период ќе биде одложена примената на Концепцијата за преостанатите одделенија – седмо, осмо и деветто.
-Со тоа што мора да провериме дали тие учебници одговараат на наставните програми. Имаме едно образложение од Бирото дека се прилично компатибилни, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали. Но, разговорите и дискусиите се уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници, посочи Јаневска.
Додаде дека наставниците ќе треба да бидат спремни да им ги предаваат темите со тоа што ќе обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, интернет литература.
-Мене ми е многу жал, но во Македонија ниту учениците, ниту наставниците се спремни да работат комплетно без учебници. Но, не е така страшно затоа што некои земји од Западот, на пример Шведска, кои користеле само дигитални учебници или воопшто не користеле, увиделе дека е потребно да им се вратат учебниците на децата од многу причини, додаде министерката.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција