-->
-->
Палмер: Македонија 30. земја членка на НАТО до 2020
-->
Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.
Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.
-Тоа е потполно реална цел, рече тој.
Но, Палмер, изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.
-Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на незјината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот, додаде Палмер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ