Паднаа поради пет тони кокаин: Погледнете ја спектакуларната полициска акција во која се уапсени тројца Хрвати
Тројца хрватски државјани се уапсени на крајот на јуни во близина на Азорските и Канарските острови, на две едрилици кои од Јужна Америка во Европа превезувале кокаин, пренесоа денеска медиумите и додаваат дека за тоа хрватските институции официјално се немаат огласено.
Порталот „Јутарњи лист“ пренесе дека во големата меѓународна акција „Канелас“ шпанската и португалската полиција за 10 дена пресретнале три едрилици недалеку од Канрските и Азорските острови и заплениле вкупни пет тони кокаин кој бил пратен од Јужна Америка.
Како што јавува агенцијата Хина, хрватското Министерство за внатрешни работи наведува дека станува збор за акции во кои хрватската полиција не била вклучена, а ја воделе британските, шпанските и португалските сили за сузбивање трговија со дрога.
Ново на Сител
-
Довербата во Собранието на најниско ниво
-
Делчево ги санира штетите од вчерашното невреме, граѓаните очекуваат помош од надлежните
-
Бејли: Уставните измени се решение за бугарското вето – гаранции нема
-
Воздухопловниот ВИНГ го прослави 31. роденден
-
Охрид обезбеди пари за експропријација
-
Штип ќе го врати долгот на „Исар“
-
Крводарителска акција на Државниот завод за ревизија
-
Русите се обидоа да извршат атентат врз Зеленски, тврди Некста