-->
-->
Отсекот за превенција од Крива Паланка организираше турнир во мал фудбал за ученици и родители
-->

Спортската сала “Бранители 2001” од Крива Паланка во текот на викендот беше мегдан за докажување на спортските перформанси на учениците од градот и нивните родители, што се демонстрираа на турнирот во мал фудбал во организација на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка.
– Над стотина ученици, родители и полициски службеници од отсекот за превенција беа дел од големиот ревијален турнир во мал фудбал што СВР Куманово, отсек за превенција и отсекот од нашата полициска станица го спроведоа со цел промовирање позитивни семејни вредности во пресрет на новогодишните празници. Активноста е дел од проектот “Полицијата и граѓаните заедно” низ кој ја промовиравме важноста од безбедност на младите во секој сегмент од живеењето, со укажување на предизвиците и опасностите од пороци и девијантни појави, информира командирот на ПС од ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски.
Учествуваа ученици од основните училишта “Јоаким Крчовски” и “Илинден” и средното општинско училиште”Ѓорче Петров”, наставници, родители, полицајци.
-Полицијата е блиску до граѓаните, редовно организираме активности во соработка со училиштата и локалните институции, а во однос на превенција во претстојниот период низ училиштата ќе се реализираат и предавања за заштита од употреба на пиротехнички средства, додаде Маринковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња