Македонија
26. February 2025 - 16:43

Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот

Судски совет не утврди незаконско постапување кај судијката Даниела Алексовска Стојановска при изрекување на воспитна мерка за возачот Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Иако Јованов бил неколкупати фатен од полицијата со дрога ова надлежните не го процесуирале како доказен материјал ниту пак обвинителстовто доставило решение за претходната сообраќајка која ја предизвикал за која се спогодил со обвинителството. Па така според судски совет, судијката правилно не ги зела во предвид овие околности при изрекување на мерката за која се водела по законот за  правда на децата. Констатирано е и дека при укинувањето на притворот за Јованов одлуката не била обжалена од Обвинителството.

Антоанета Димовска - „Во моментот кога ќе се случи нешто, се случи трагедија, ниту треба да го заштитиме ниту да го нападнеме судијата. Требаше да ги испитаме фактите, тоа е наша обврска. Факт е дека е створена фама во општеството и дека за се се виновни судиите. Ама ние треба само да ги испитаме фактите и да предложиме заклучоци. Жал ми е поради тоа што им се случува на колегите, ама се надевам дека тоа ќе се исправи и дека некои работи се системски пропусти“.

По наводите за пристрасност во одлучувањето на судијката, тие не утврдиле ваков сомнеж. 
 
Судски совет донесе решение извештајот да биде доставен до Обвинителството и Советот на Јавни обвинители за да се запознаат како било постапувано во случајот.
 
Дел од членовите оценија дека како Совет потфрлиле во заштита на интегритетот на судијката која била изложена на сериозен јавен линч и сметаат дека целокупната вина не може да се префли само врз судиите. 

Инаку Васил Јованов кој ја прегази Фросина Колакова на пешачкиот премин на Партизанска се уште е во притвор и се чека обвинение за ова дело. За случајот со дрогата за што му беше одредена воспитна мерка, Апелација ја преиначи и го осуди на три години и десет месеци.