-->
-->
Осум лица пронајдени мртви во Оклахома, можно е да се работи за повеќекратно убиство
-->
Осум лица се пронајдени мртви во изгорена куќа во предградието на Тулса во американската сојузна држава Оклахома, а полицијата истражува дали се работи за повеќекратно убиство.
Пожарот избил вчера во мирното предградие Броукен Ероу.
Според тамошната полиција, иако се истражуваат околностите како дошло до смртта, вклучувајќи ја и можноста за потенцијално убиство, се верува дека не постои непосредна закана за јавната безбедност.
Како што појасни портпаролот на полицијата Итан Хачинс, очевидци наведуваат дека во куќата живеело осумчлено семејство, две возрасни лица и шест деца, но, нивните тела засега не се идентификувани.
– Се разбира, ова е шок за Броукен Ероу. Се работи за безбедно место. Броукен Ероу нема секојдневно вакви ситуации, додаде Хачинс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први