Османи – Логар: Западниот Балкан ќе биде важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, при што доби уверување дека Западниот Балкан ќе биде многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ.
Министерството за надворешни работи соопшти дека од Логар е потенцирано дека клучното прашање на неформалните и највисоките можни политички дискусии ќе биде Самитот за Западен Балкан, со што прашањето за земјите од Западен Балкан ќе биде на врвот на дневниот ред во ЕУ.
Соговорниците заклучиле дека оваа тема е од стратешко значење за ЕУ, не само за Словенија, туку и за регионот.
Како што информираат од МНР, на средбата се зборувало и за развојот и потенцијалите на билатералните односи, но доминираа темите поврзани со европската агенда на Македонија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција во рамките на протугалското претседателство со Советот на ЕУ.
–Во разговорот со словенечкиот соговорник, поради фактот што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ наредниот месец, доминираше темата за приоритетите на словенечкото претседателство, особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната агенда, се наведува во соопштението на МНР.
Двајцата министри во текот на нивното учество на „ГЛОБСЕК 2021“, заедно дебатираа и на панелот „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам