Loading Video...
Балкан
13. August 2024 - 16:35

Огнените стихии ја проголтаа првата човечка жртва - активиран ЕУ механизмот за помош во Атина

Огнените стихии во Атина ја земаа и првата жртва. Тело на почината жена било пронајдено во продавница близу грчката престолнина. Докторите досега пружиле помош на повеќе од 70 лица, меѓу нив и пожарникари. Борбата продолжува и денеска. Локалците се видно исплаши и учествуваат во гаснењето на помалите јазици.

„Чувството беше страшно, да гледаш како избувнува пожар, но и да не можеш да сториш ништо за да помогнеш“

„Навистина е големо разочарување бидејќи нема голема сигурност, горат куќи. А луѓето што живеат во тие куќи, како ќе се чувствуваат тие? Чудно е чувството“

Европските земји најавија помош за Грција, откако нејзината влада го активираше механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ. Италија обезбедува два авиона, додека Франција и Србија обезбедуваат по еден хеликоптер. Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош. Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиона и хеликоптер.

Штетата е огромна, покажуваат и сателитските снимки. Овој пожар се смета за најголем оваа сезона. Локалните пожарникари објаснуваат дека пламените јазиици кои се закануваат на цели станбени блокови, училишта и деловни субјети  допреле најдлабоко во последните две децении.  На терен интервенирааат повеќе од 700 пожарникари поддржани од доброволци. Се гасне со хеликоптери и авиони. Според последните податоци, се извршила евакуација во повеќе од 30 населени места во поширокиот регион на Атина.