Балкан
17. јуни 2024 - 16:38

Тешко до работа преку Отворен Балкан

Даниела Лончар од Србија на cвоја кожа ги почуствува институционалните пречки за неприменливост на иницијатива Отворен Балкан. Идејата на проектот е граѓаните од Македонија, Србија и Албанија полесно да дојдат до работа во трите земји, без да чекаат по 3 месеци за работна дозвола. Но праксата покажува дека патот не е лесен. Лончар штом слушнала за поволностите, аплицира за работа и истата ја добива. Поднела решене, кое и стигнало на 5 мај, а по неколку дена и сертификатот со ИД бројче  кој го издава МВР.    Но кога отишла во банка да издавади трансакциска сметка  на која ќе ја прима платата -  почнуваат проблемите

Ми кажаа дека врз основа на тој лист кој го добив, тој сертификат Отворен Балкан, не можат да ми отворат трансакциска сметка на која ќе ја добивам платата, затоа што немам лична карта или македонски пасош.  Но, за да добијам лична карта или македоснки пасош, нив треба да ми ги издаде МВР. Од таму ми велат дека не можат да издадат  такви документи затоа што немаат одобрение од државата, изјави Даниела Лончар, граѓанин од Србија.

Побаравме одговор од банките- која е процедурата и како овие лица да отворат сметак во банка? Но, официајлен одговор не добивме. Неофицијално велат до сега дека прво отворале сметка за нерезиденти, па кога ќе добијал лична карта, истата се менува. Лончар пробала и на тој начин, но проблемот е што го покажува матичниот број од Србија, а не оној кој го добила од Македонија. .

Тонско Мене работата ме чека, да почнам да работам, но не можеам затоа што немам сметка. Системот е таков, ако еден вработен не му се исплати палта, не може да земен цела фирма. Свтив на сите можни телефони, комитети, дна госпоѓа која го водеше проектот, но одговор до ден денешен, еве веќе месец дена, немам, додава Лончар

Инаку Иницијативата Отворен Балкан,  каде работната сила ќе може без проблем да се вработи во некоја од трите земји, беше потпишана  уште во 2021 та година. Но  Собранието кај нас ја изгласа по неколку година и беше најавен дека ќе почне да се применува од 5 март годинава.