Одземена акредитацијата на Руската телевизија за известување од американскиот Конгрес
На руската телевизија РТ, која е под контрола на Кремљ, а во САД е принудена да се регистрира како „странски агент“, одземена и е акредитацијата за известување од американскиот Конгрес во Вашингтон.
Одборот новинари кој одлучува за доделување акредитации за Конгресот соопшти дека акредитацијата за РТ е поништена со едногласна одлука.
- Таа мерка е преземена како одговор на регистрирањето на ТиР Продакшн ЛЛЦ - компанијата која управува со РТ, како странски агент, се наведува во објаснувањето во писмото кое на рускиот медиум му го испрати Краиг Каплан, претседател на Извршниот одбор на конгресните радио и телевизиски известувачи.
Тој додаде дека акредитациите, според правилата на одборот, „не се даваат на подносителот вработен кај која било странска влада или нејзин претставник“.
Министерството за правда на САД во септември побара од РТ да се регистрира како „странски агент“ бидејќи информативната служба проценила дека таа телевизија е „главен меѓународен пропаганден медиум на Кремљ“.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот