Новинарка и камерман застрелани додека во живо правеле интервју
Двајца телевизиски новинари беа застрелани во американската сојузна држава Вирџинија, додека во живо правеле интервју, јави телевизијата за која работеле WDBJ7.
На сајтот на медиумот за кој работеле новинарите, се појаснува дека нападот се случил во 6:45 часот изутрината по локално време.
Жртвите се репортерката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27). Двајцата биле застрелани додека правеле интервју во трговскиот центар Бриџвотер плаза во градот Монета во округот Бедфорд.
Додека тие ја вршеле својата работа се слушнале истрели. Камерата го снимила тој момент. На снимката се слушаат врисоците на новинарите и се гледа како тие се наведуваат, за да се скријат, а потоа камера паѓа на земја и снимени се нозете на напаѓачот.
Регионот на инцидентот е блокиран. Засега не се соопштени повеќе детали за убиството.
Ново на Сител
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела