Македонија
12. March 2025 - 16:33

САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?

САД ја обновува воената помош за Украина, но што ќе направи Македонија?

Министерот за одбрана потсети дека Македонија е меѓу водечките четири НАТО-земји кои досега ѝ помогнале на Украина со воена опрема. Сепак, геополитичките околности се промениле вели Мисајловски , а Македонија е на страната на мирот. 

Македонски војници нема да се испраќаат на украинска територија, а досега тоа ниту било побарано од Македонија, но можноста не се исклучува откако ќе има конкретни предлози по завршувањето на војната. 

Началникот на генералштабот на АРМ синоќа присуствуваше на состанокот на Макрон во Париз заедно до началници на генералштабовите на 30 европски земји, каде се дискутирало за различните ставови на земјите и можните чекори за воспоставување мир, но без конкретни решенија за наредниот период. Мисајловски нагласи дека Македонија останува на позицијата за мирно решавање на конфликтот.