Loading Video...
Свет
12. March 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Укрианските власти го прифатија предлогот на САД за 30 дневен прекин на огнот во Украина Руските власти  засега без комнетар дали тоа е прифатливо за нив. Прво треба да  добијат  детални информации од САД  за американско укрианските разговоори вчера во САудиска Арабија па потоа ке доенсат одлука порача Кремњ. 

- Рубио и Валц рекоа дека преку различни канали ќе ни пренесат детални информации за суштината на разговорот што се одржа во Џеда. Прво, ние мора да ги добиеме овие информации. Деновиве планираме и контакти со Американците, при што очекуваме да имаме целосни информации, вели Дмитри Песков портпарол на Кремљ. 

Американскиот претседетал се надева дека  и Моксва ќе го прифати предлогот. 

-Украина се согласи со тоа и се надеваме дека Русија ќе се согласи со тоа. Прекинот на огнот е многу важен. Ако можеме да ја натераме Русија да го направи тоа, тоа ќе биде одлично. Ако не можеме, само продолжуваме и луѓето ќе бидат убиени, многу луѓе, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД. 

Неколку часа по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, Русија изврши масовни воздушни напади врз украински градови, меѓу кои Киев,  Одеса и , Криви Рих, а според укрианските власти загинале 14 цивили. 

 Од утрово, Соединетите држави применуваат тарифи од 25 отсто за целиот  увоз на челик и алуминиум. Во објаснувањето на американаската администрација се вели дека целта на царините е да се стимулира домашната производствена индустрија за челик и алуминиум, но критичартите велат дека тоа ќе ги зголеми ценита за американските потрошувачи и ке го наруши екомонскиот раст.   Канада, Кина и ЕУ  најавија контрамерки, а Австралија одлучи  да не презема одмазнички мерки.  

- Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Бидејќи Соединетите Држави применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1-ви април и целосно во сила од 13-ти април. Во меѓувреме, ние секогаш ќе останеме отворени за преговори, истакна Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК. 

- Кина отсекогаш верувала дека протекционизмот нема излез и дека нема победници во трговските војни и тарифните војни. Ова е и општ консензус на меѓународната заедница. Пристапот на САД сериозно ги крши правилата на СТО, сериозно му штети на мултилатералниот трговски систем заснован на правила и не е кон решавање на проблемот. Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите легитимни права и интереси, изјави Мао Нинг, портпарол на министерството за надворешни работи ан Кина 

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде  наредба  до судската полиција  да го приведе   претседателот на Република Српска Милорад Додик заради сослушување затоа што не одговорил на судските покани.    Вакви налози се издадени и за премиерот на Република Српска   Радован Вишковиќ и  за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ. ТРојцата се товарат за кривично дело  „напад на уставниот поредок на БиХ.   Наредбата е издадена на денот кога народното  собрание на РС расправа за Нацрт-уставот на РС, со кој властите во РС планираат да го дефинираат тој ентитет во БиХ како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формира сопствена армија и да го укинат Советот на народите.