Македонија
12. March 2025 - 16:39

Шокантни сведоштва

Ги лажел дека ќе грабат жена, ама во раце им паднала Вања.. Обвинетиот за двете грозоморни убиства, Велибор Манев го откри планот на Палчо.. Грабнување на пензионер кој живее сам, а неговиот автомобил да се употреби за грабнување на жена од 40 тина години за која подоцна ќе бара откуп.. На списокот прво се нашла ќерка на пензиониран бизнисмен од Скопје, а потоа ќерка на друг бизнисмен која живее во зградата на Вања.. По реализирање на откупот, Палевски на останатите тројца обвинети им ветил дека ќе добијат по 150 илјади евра.. 

Според сведоштвото на Манев, Вања била грабната дури во третиот обид.. Еднаш задоцниле, па на влезот имало други лица, за веќе на 27 ноември да им успее планот.. Но, тврдеше дека не знаеле оти грабнуваат 14 годишно девојче.. Велешанецот сведочеше дека подолг период Палчо им покажувал слика од жената која треба да ја грабнат, рече дека им личела на повозрасна а посочи и дека Палчо можеби ја менувал фотографијата..  Ги однел и во зградата да се запознаат со просторот.. На денот на грабнувањето, Велибор се сокрил под скалите, а Боре чекал на влезната врата.. Преку радиостаници Палевски им кажал дека женското лице ќе излезе во 7:20, па постојано ги информирал и за времето.. Во влезот било темно, па штом Вања излегла од лифотот, им заличила на жената која претходно ја гледале од сликите кои им ги покажувал Палчо, и ја совладале..

Јас бев под скалите, а Боре чекаше со селотејп трака ставена на раката и кога се симнуваше особата, Боре ја грабна и и ја залепи устата и ја повлековме под скалите. Според сликите што ни ги покажуваше, особата беше идентична, во темната просторија колку што можевме да приметиме, беше таа. Ја врзавме и ја ставивме во вреќа за спиење.

Во грабнувањето на девојчето биле вклучени Манев, Видевски и Кешишев.. Палчо со другото возило ги чекал надвор од Скопје.. Се упатиле кон месноста Дупки, напред се движело реното управувано од Палчо, а зад него со цитроенеот на Панче и останатите обвинети.. Манев рече дека движењата на автомобилите се идентични со снимките од системот Безбеден град кои претоходно беа презентирани во судницата.. Дека грабнатата е девојче а не возрасна жена, сфатил откако го отвориле багажникот на цитроенот.. 

Палевски ја праша за нејзиното име, имињата на родителите и откако дозна, рече да ја извадиме надвор од колата за да слика и да прати слики на фамилијата. Откако ја извадивме, ја отворивме вреќата за спиење и селотејпот го извадивме, видов дека е дете, а не жена. Веднаш му рековме со Влатко дека е грешка и треба да ја пуштиме. Палевски ми рече да прекинам и дека е се чисто, но дека првичната сума што ја понудил нема да може да се земе. Палевски пријде кон детето и со перниче во рака го испука куршумот.

Според Манев, планот бил осмислен една година пред убиствата.. За таа намена тој заедно со обвинетиот Влатко Кешишев ја ископале дупката во близина на Велес, а тогаш во реализација на идејата на Палчо, се вклучил и обвинетиот Боре Видевски.. Според зборовите на Манев, не требало да бидат убиени ниту Панче ниту Вања.. Палчо им рекол дека Панче ќе го врзат со синџир и бетонски тег и ќе го спуштат во дупката, а со неговиот автомобил ќе грабнат жена.. Но, кога почнала реалзиација на на планот, наместо да биде врзан, Палчо го застрелал пензионерот од Велес.. Им рекол дека е така почисто и нема за што да се грижи.. Манев тогаш не сакал повеќе да продолжи, ама Палевски му рекол да не си го расипуваат пријателството ама и дека има убава фамилија.. 

За таткото на вања која е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка, Манев рече дека не го познава.. Првпат го видел на слика која му ја покажале полициските инспектори.. На денешното судење се читаше и исказот на Манев даден претходно во обвинителството.. Тогаш изјавил дека од обвинетиот Кешишев слушнал дека вечерта пред грабнувањето на Вања разговарал со нејзиниот татко.. Но, и додал дека во својата телефонска комуникација, Палевски никогаш не го изговарал името на соговорникот..