Нови 10 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕБОР
Десет милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни за кредитирање на малите и средните претпријатија во Македонија преку Шпаркасе банка, која е втора македонска банка што се приклучува на оваа иницијатива на ЕБОР. Договорот за реализација е потпишан денеска во Скопје.
Средствата се обезбедени од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, што заедно со Европската Унија (ЕУ), обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на малите и редните претпријатија и им помага да ги достигнат ЕУ стандардите.
Финансирањето на ЕБОР за Шпаркасе банка Македонија ќе биде насочено кон надградба на производствените капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании, а најмалку 60 отсто од фондовите ќе бидат насочени кон намалување на потрошувачката на енергија и ресурси, и поврзаните трошоци.
Малите и средни петпријатија што ќе користат кредити преку Шпаркасе банка Македонија, доколку успешно ги завршат проектите на модернизација до одредени ЕУ стандарди, ќе добијат ИПА грант финансиран од ЕУ.
– Малите и средните претпријатија се главен двигател на македонската економија. Според податоците на ЕУ, тие придонесуваат со скоро 65 отсто во вкупната додадена вредност и околу 80 отсто во сите работни места во земјата, што е далеку над просекот во ЕУ каде овие проценти изнесуваат 57 и 66 соодветно. Во почетокот на годинава, сличен финансиски пакет, од истата програма, беше доделен и на Охридска банка, информираат од Шпаркасе банка.
Кредитот на ЕБОР е поддржан со 1,5 милиони евра грант од ЕУ, од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА).
Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан се стреми да обезбеди вкупно 30 милиони евра за кредитирање на македонските комерцијални банки, во наредниве години, придружувани од грант од ЕУ во вкупен износ од шест милиони евра.
Програмата е надградба на претходната поддршка на конкурентноста во износ од 20 милиони евра, која беше пласирана од 2010 до 2015 и беше поддржана од Европската Унија која обезбеди четири милиони евра грант.
ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. Досега банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над 1.75 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања