Живот
29. September 2024 - 20:54

Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово

Мозаиците од римскиот период на локалитетот Стакина чешма во Валандово конечно ќе бидат заштитени. По 50 години од почетокот на археолошките истражувања, Завод и Музеј Струмица започна реализација на  проект за конзервација и реставрација на едни од најзначајните мозаици во државата кои по многу нешта се единствени и раритени Ова е првпат да се спроведе таков проект, кој ќе овозможи обновување и заштита на уникатните мозаички подови.

До сега на локалитетот Стакина чешма кој е датиран од првата половина на четвртиот век има истражено десет простории,  сите покриени со мозаици со вкупна површина од  500 метри квадратни.

Покрај стручните тимови од струмичкиот завод и музеј, националната установа Стоби и археолошкиот музеј  тимот го сочинуваат седум млади професионалци од седум различни држави, специјализирани за работа на мозаици. Проектот е финансиран со средства од Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.