Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
Прво да се донесе Законот за заштита на конкуренцијата, за да може антимонополска да проверува и казнува маркети. Поранешниот прв човек на Комсисијата, Чедомир Кралевски е скептик дека Антомополска има капацитет и ќе може да излезе на терен да контролира дали се почитува Законот за нефер трговски практики. Според неговите сознанија, откако ќе се изгласа законот, кој веќе е доставен во Собранието, треба да се формира одделение од 5 лица. Тоа одделение по допрен глас или по претставка од граѓани треба да проверува колку трговците го почитуваат законот. Прашува – зошто на Пазарниот Инсекторат кој веќе има искуство во оваа обалст, му се оздемаат ингеренциите и му се даваата на тело кое се уште не е формирано
Еден од предлагачите на законот, пак Стојаноски смета дека по формирањето на новото одделение, конечно ќе се стави ред , трговците нема да трупаат огромни профити, а граѓаните ќе почуствуваат сериозно поевтинување на производите
- Со додавање на новите надлежности, добиваме уште еден орган, кој ќе биде професионален и ќе контролира дали се почитува Законот за нефер трговски практики. Сведоци сте дека и покрај апелите на владата, се уште не се применуваат одлуките, односно трговците не ги намалуваат цените. Тоа мора да престане. Затоа додавеме уше еден елемент плус, за да ја контриолира и сузбие вакавта појава, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.
Покрај ова одделение, ќе се формира уште едно за изрекување на санкции. Тоа значи дека антимонопослка и ќе излегува на терен и ќе казнува. Трговците не смеат да им бараат повисок рабат од 10 % на производители и добавувачи, ниту пак пари за маркетинг , реклама или акции.
- Во одделението за изрекување казни ќе членуваат 3 лица, кои ќе бидат овластени за тоа, додава Стојаноски.
Законот за нефер трговски практики вчера стапи на сила. Ги опфаќа само земјоделските и прехранбени производи. Останатите добавувачки, за козметички препарти , за лична хигиена и слично бараат законот да важи и за нив, бидејќи и нив ги условваат трговците со огромни трошоци. Им бараат 5% рабат на фактура за цела година, 5% маркетинг од промет секој месец, како и трошоци за акција од 10% на сите производи. Без овие дополнителни трошоци, и коземетичкиот дел би се продавал за 20% по понисики цени.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар