Шефовите на дипломатиите на Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација
Министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо предложија формирање конфедерација со амбиција во догледно време да прерасне во федерација.
– Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини собере Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаа им на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји, се вели во заедничката изјава објавена по дводневната средба во Бамако, главниот град на Мали.
Трите земји на чие чело се воени режими кои кои дојдоа на власт со државни удари во 2020 и 2022 година, решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет.
Со врските зацементирани против меѓународниот притисок за враќање на демократските режими, трите воени режими се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји.
На средбата, чија цел беше да се прецизира функционирањето на новата алијанса, тројцата министри инсистираа на дипломатија, одбрана и развој за зајакнување на нивната политичка и економска интеграција.
Нивните министри за економија и финансии, претходно, на средба на 25 ноември, предложија формирање стабилизациски фонд и инвестициска банка, како и формирање комисија задолжена за продлабочување на економската и монетарната унија, се наведува во заедничкото соопштение.
Заклучоците од средбата треба да бидат доставени до шефовите на држави кои наскоро треба да се сретнат во Бамако.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници