-->
-->
Најмногу дожд во Лазарополе, најладно во Крушево
-->
Најмногу дожд изминатово деноноќие наврнал во Лазарополе , Маврово, Дебар, Пожаране и Охрид, а најниски температури се измерени во Струмица, Прилеп, Крушево и Маврово (4 степени).
Времето денеска ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дува умерен, а во средниот дел на Повардарието, во Пелагонија и на североистокот повремено и засилен ветер од јужен правец. Врнежите дожд ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови.
Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (со брзина и над 90км/ч). Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Температурата ќе биде до 15 степени.
Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата