-->
-->
Најмалку шест загинати во самоубиствен напад во Пакистан
-->
Најмалку шест лица се убиени, а 35 повредени во напад на бомбаш самоубиец пред канцеларијата на локалните власти во градот Џамруд во северозападниот дел на Пакистан, во близина на границата со Авганистан.
Претставникот на племенските власти на областа Хајбер Шахаб ал Шах изјави дека најмалку шест лица се убиени откако напаѓач активирал експлозив пред влезот на зградата, а меѓу загинатите се четири полицајци.
Според локалните медиуми станува збор за напад врз седиштето на локалната полиција и дека цел на нападот било возило, во кое се наоѓал командирот на локалната полиција Тенсинулах Кан, кој е повреден.
Џамруд се наоѓа на 25 километри северозападно од Пешавар. Засега никој не презема одговорност за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат