Најмалку седуммина повредени во пукање на карипска парада во Бостон
Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопшти денеска полицијата.
Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, изјави наредникот на бостонската полиција Џон Бојл.
Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време.
„Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, рече претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.
Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија