Најмалку 17 загинати во автобуска несреќа на „убиствената кривина“ на Филипините
На патнички автобус му откажаа сопирачките и падна во бездна додека се движеше по „убиствената кривина“ во централниот дел на Филипините, при што загинаа најмалку 17 лица, соопштија денеска локалните власти и полицијата.
Бројот на загинати е помал од 28-те првично пријавени од гувернерот на провинцијата Антика, 450 километри јужно од Манила, каде што се случи несреќата вчера попладне.
Седуммина повредени се во критична состојба во болниците, додека четворица се стабилни, изјави Бродерик Трејн, шеф на провинциската агенција за катастрофи.
На работниците за итна помош им требаа околу 10 часа за да ги спасат повредените и да ги извлечат сите тела од местото на несреќата во градот Хамтик, што е клисура која се проценува дека е длабока околу 20 до 25 метри, рече Трејн.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже