Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
Проекциите покажуваат дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД и во американската сојузна држава Аризона, што значи дека ги освоил сите седум држави кои важеа за свинг држави.
Би-Би-Си јави дека по четири дена пребројување, Аризона е последната американска држава која го објави резултатот, Трамп сега има 312 електорски гласови, а демократската ривалка Камала Харис има 226.
За еден претседателски кандидат да биде избран и да добие можност да влезе во Белата куќа му се потребни 270 од вкупно 538 електорски гласа.
Освен Аризона, Трамп ги освои и другите шест таканаречени колебливи сојузни држави – Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Висконсин и Невада.
Гласачите не избираа директно за Харис (60) или за Трамп (78), туку ги избраа електорите, демократи или републиканци, кои формално го избираат претседателот во декември (на изборен колеџ). Тој чин е формалност, бидејќи електорите во декември речиси без исклучок гласаат за кандидатот што го претставуваа на изборите – оваа година за Харис или Трамп. Затоа, победникот на изборите се знае веднаш штом се пребројат гласовите.
Секоја од 50-те американски држави има исто толку електори колку што има членови во американскиот Конгрес, додека округот Колумбија обезбедува тројца членови на Изборниот колеџ. Кандидатот кој победи во една држава ги освојува сите нејзини електори, освен Мејн и Небраска.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната