Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша договорот за стратешко партнерство со Северна Кореја, што вклучува одредба за взаемна одбрана, се наведува во указот објавен вчера.
Договорот, потпишан во јуни од Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по самитот во Пјонгјанг, предвидува взаемна помош на потписниците во случај на воен напад.
Горниот дом на рускиот Парламент неделава го ратификуваше договорот, додека Долниот дом го одобри уште минатиот месец.
Путин го потпиша указот за ратификација, кој беше вчера објавен на веб-страницата на владата. Односите меѓу Москва и Пјонгјанг станаа поблиски по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Според извештаите од Јужна Кореја и западните земји, Северна Кореја ја снабдувала Русија со оружје.
Украинските форензички експерти велат дека на местата на руските напади пронашле траги од севернокорејско оружје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека Северна Кореја испратила 11,000 војници во Русија и дека некои севернокорејски сили претрпеле загуби во борбите со украинските сили во јужниот руски регион Курск.
Русија се уште не го потврди присуството на севернокорејски војници на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната