Македонија
10. November 2024 - 16:44

Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо

Свињарството е единствената сточарската гранка по која сме подобри од Европската Унија. Потребите за свежо свинско месо во целост, односно 100% се задоволуваат од домашните фарми. Годишно се произведуаат  околу 17 илјади тони свежо месо, иако последните години, поради африканската чума има одреден пад. Професорот од земјоделскиот факултет  Вуковиќ вели дека болеста е серизна закана и затоа бара државата реално да се справува со мерките.

Биолошката војна со вирусот е голема. Затоа мора да ја згоелмиме свеста кај фармерите. Редовно да се прават дезинфекции. Но бараме и државата реално да се справува со мерките кои треба да ги спроведе, изјави Владо Вуковиќ, професор на земјоделски  факултет.

Покрај целосно задоволување на домашните потреби, следен чекор  ќе биде замена на најмалку 30 остто од увозното смрзнато месо, кое се користи  за преработни во месната индустрија. На тој начин, според Вуковиќ  годишно ќе се заштедат над 25 милиони евра, пари кои се одлеваат за увоз. Но тоа е можно само ако се здружат државата, свињарските здруженија и месо-  преработувачките фарми . Со влезот во Унијата, странските експерти препорачуваат каде треба да се подобриме.

Ако секрото остане во оваа кондиција, експертите се надеваат на постепено извезување на албанскиот и грчкиот пазар.