Над 70 грчки компании дел од бизнис делегација што со Ципрас ќе дојдат во Скопје
Во бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на посетата на Скопје, веројатно на 2 април, ќе бидат вклучени над 70 големи и средни компании, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, а компании од енергетскиот сектор, градежништво, индустриски производи, храна и пијалоци и висока технологија, според информациите на АНА-МПА, веќе изразиле интерес за учество и оцениле дека постои простор за инвестиции во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на патувањето ќе биде организирана бизнис конференција за поврзување, што има за цел учесниците од двете земји да дојдат до контакт да ги разгледаат областите за соработка. Компанијата („Enterprise Greece“) верува во динамиката на регионот на Југоисточна Европа и организира настани што ја зајакнуваат соработката и ја промовираат екстровертноста на грчките бизниси, пишува АНА-МПА.
Грчката новинска агенција објаснува дека компанијата за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, е надлежно државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот, „со цел да се промовира земјата како атрактивна инвестициска дестинација и да промовира конкурентни извозни производи и услуги во Грција“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам