-->
-->
На влезот во Велес од Скопје се осветлува клучката кај Башино Село
-->
На клучката кај Башино Село на влезот од Велес за приклучување на возилата при излезот од патот од Скопје за Велес, технички екипи вршат интезивни активности за нејзино осветлување.
Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед од службата за информирање на Општина Велес, реализацијата на проектот е во надлежност на ЈП за државни патишта, а како дел од напорите за осветлување на клучките на државните патишта во Република Македонија, со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата.
- Со овој проект за осветлување на клучката во многу ќе се придонесе за поголема безбедност на оваа фрекфентна крстосница која е една од главните влеозви во градот, а тука води и патот кон езерото „Младост“, потенцира Мехмед.
Инаку, како што потсетуваат од Општина Велес претходно беше извршено целосно осветлување на автопатскиот тунел пред оваа клучка.
- Осветлувањето беше направено со лед светилки со што значително се зголеми прегледноста на возачите, а со тоа и безбедноста во сообраќајот, информира Мехмед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам