МО: Сериозно сме посветени на зголемување на стандардот на припадниците на АРМ
Во неколку наврати Министерството за одбрана посочува дека е сериозно посветено на зголемувањето на стандардот на припадниците на Армијата на Република Македонија и е во постојан контакт и со релевантните институции, како и со двата синдиката на припадниците на АРМ, стои во реакцијата од МО по прес-конференцијата на Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионалните војници.
Сите барања до МО поврзани со надоместоците за припадниците на АРМ, се подвлекува во реакцијата, се процесирани заклучно со април и првата половина на мај.
- Министерот во неколку наврати информираше дека поради евентуални технички пропусти во единиците, можно е на мал број припадници на АРМ чии имиња не биле навремено доставени до Министерството, да доцни исплатата на пропишаниот надоместок, но тој ќе им биде исплатен, се вели во реакцијата.
Во однос на превозот на припадниците на Армијата на Република Македонија, Министерството за одбрана, се наведува, веќе ја информирало јавноста дека тендерската процедура започнала навремено уште во јануари и веќе се потпишани договори за превоз на 23 линии.
- За одреден број линии, поради високата цена понудена од фирмите, на барање на Генералштабот на АРМ, тендерската процедура е поништена. Започната е нова процедура за набавка која очекуваме да заврши до крај на септември, се подвлекува во пишаната реакција од МО.
Од МО истакнуваат дека ниту еден припадник на АРМ нема да биде финансиски оштетен. Напротив, согласно позитивните законски прописи, се подвлекува, средствата за превоз на припадниците на АРМ ќе им бидат надоместени, односно ќе добијат соодветен надомест за превоз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица