Минал 15 километри закачен на шофершајбна од камион
На автопат во американската сојузна држава Флорида, човек облечен во маица и домашни куси панталони, минал 15 километри закачен на шофершајбната од камион со две приколки.
Тој и камионџијата всушност биле сопатници. По меѓусебна расправија следела пауза на еден паркинг, а човекот по бермуди тргнал пешки по автопатот.
Додека потоа каминот минувал крај него, скокнал на хаубата и почнал да удира по шофершајбната со рацете и со челото. Возачот, без оглед на сѐ, не застанал цели 15 километри. Видеото покажува дека тој дури и се обидува да го турне својот сопатник долу, нишајќи го возилото и со нагли сопирања.
Во еден момент, човекот на хаубата се свртува кон автомобилот откаде што го снимаа настанот, врескајќи: „Јавете се в полиција!“
Лицето со камерата сведочи дека мажот исто така користел метален предмет за да ја скрши шофершајбната.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот